Прегазена малолетничка во центарот на Скопје

од Nikola Popovski
120 прегледи

Малолетничка се наоѓа во болница со тешки повреди откако била прегазена од возило марка „ауди“, извести МВР.

Според полицијата, на 04.04.2023 во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(49) од Скопје удрило во малолетничка од Гевгелија.

-Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.