Алтернатива го условува учеството во работната група за уставни измени

од Nikola Popovski
191 прегледи

Опозициската Алтернатива денеска ја информира јавноста дека нема да учествува во работната група која треба да ги подготви амандманите за уставните измени.

-За нас не може да има работни групи за составување или подготовка на уставните измени без да има претходно политички консензус помеѓу политичките партии за поддршка на тие измени, преку кои треба да се отвори патот за интеграција на земјата во Европската унија, велат од партијата.

Појаснуваат дека Алтернатива не може да седне на иста маса и да дискутира на оваа тема со, како што тврдат, партии кои уште не се изјасниле за нејзиниот предлог-амандман за борба против политичката корупција.

-Се додека во судството секој ден се соопштува за предмети на политичката корупција кои застаруваат, а владата и другите политички партии молчат за нашиот предлог за уставно санкционирање на незастарувањето на делата поврзани со политичка корупција, ние немe никаква обврска да одговориме на покани за сликање или за глумење дека сме за уставни измени. Ако некој сака да ја види АлтернАтивА како дел од тие дебати, првин треба да понуди реална можност за политички консензус, а како второ на дневен ред да биде нашиот уставен предлог-амандман за борба против корупцијата. Потсетувам дека за АлтернАтивА уставните измени немаат никаква смисла ако Северна Македонија продолжува со разни средства да ја подржи политичката корупција, стои во партиското соопштение.

Од Министерството за правда вчера информираа дека се писмени дописи до сите парламентарни партии и до експерти и дека пристигнуваат  предлози за членови во работната група за уставни измени. Рокот за номинација истекува на 10 април.

Покрај Алтернатива, учество во групата за уставни измени одбија и Демократски сојуз, ВМРО-ДПМНЕ и СПМ.

Слични содржини