СДСМ: На пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме да го блокираат европскиот пат на земјата

од Nikola Popovski
116 прегледи

СДСМ ги коментираше изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан дека нема испратат свои претставници во работната група за уставни измени. Според партијата на власт, се потврди дека „Мицкоски е против ЕУ и е во целосно заложништво на Левица“.

-Едноставно Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ. СДСМ нема да се откаже од европската иднина. На пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме да го блокираат европскиот пат на земјата.

Деструктивниот потпалувачки наратив на Левица и ВМРО-ДПМНЕ е под секое ниво и не е добар за општеството и повторно ќе биде поразен, истакнаа од „Бихаќка“.

Претседателот на најголемата опозициска партија денеска повтори дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени, оценувајќи дека во оваа фаза тоа е беспредметно и оти власта сака да го политизира процесот. Тој додаде дека повеќе нема да се занимава со тоа прашање.