Жена нападнала мајка и дете, со себе носела и нож

од Nikola Popovski
176 прегледи

Скопјанка нападнала мајка и дете, по што била уапсена, информираа од МВР.

Настанот се случил утрово во 01:15 часот на ул.„Борис Сарафов“ во Скопје, кога полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Д.Т.(41) од Скопје затоа што околу 23:00 часот на 07.04.2023 физички ја нападнала М.М.Љ.(48) од Скопје и нејзиниот малолетен син и затоа што кај неа бил пронајден нож.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.