СДСМ денеска обвини дека една и пол година во Град Скопје „владее хаос и неспособност од градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ“.
Според партијата, стопирани се бројни проекти како реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на улицата Есенинова и мостот на булевар АСНОМ, а како што тврдат, клучката и кружниот тек кај Момин поток се градат далеку поспоро од предвиденото темпо.
-Нема нови проекти и решенија, нема крупни градежни зафати, но затоа од страна на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ има кавги за тендери и провизии и популистички иницијативи да се врати споменикот на Ќосето – симболот на режимот на Груевски.
Ете што се случува кога шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски ќе ја добие власта во градот.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја уназадуваше државата, денес го уназадува Град Скопје, рече меѓу другото Васко Кичевски, претседател на градската организација на СДСМ Скопје.