Косовец одвел малолетничка од скопско во Призрен за да има секс со неа

од Nikola Popovski
302 прегледи

Косовски државјанин земал малолетно девојче од скопско Драчево во Призрен, каде имал сексуален однос со неа, извести МВР.

Случајот го пријавила нејзината мајка.

-На 09.04.2023 во 17.00 часот во Полициска станица Драчево, малолетничка од скопско село, во присуство на нејзината 44-годишна мајка, пријавила дека на 07.04.2023, Д.Б. од Република Косово, со кого претходно се допишувала преку социјална мрежа, ја земал од Скопје со патничко возило и отишле во Призрен, каде имал сексуален однос со неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.