Обвинителство: Се преземаат мерки за расчистување на случајот со починатото дете кое беше нападнато од куче

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Јавен обвинител извршил увид на местото каде осумгодишно дете беше нападнато и почина по напад од куче на сосед во скопската населба Пинтија. Од Обвинителството потврдија дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај.

– Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција и се преземаат дејствија за испитување на целиот настан, информираа од Јавното обвинителството.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека синоќа малолетник починал откако бил нападнат од куче што го чувал неговиот сосед во скопската населба Пинтија.

– Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.

Слични содржини