Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска реагираше на најавата на Џо Бајден дека ќе се кандидира за втор претседателски мандат, велејќи дека не гледа како е можно такво нешто.
„Нешто тука не е во ред. Неговиот одговор го видов на телевизија. Беше долг одговор за јајцата и ова и она, но мислам дека не може да го стори тоа“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.
Трамп (76) долго време го исмејуваше Бајден (80) поради неговата возраст, посочувајќи го тоа како една од причините зошто тој требаше да биде реизбран за претседател во 2020 година, а не кандидатот на Демократската партија, пишува „The Hill“.