Вработените во Филхармонија застанаа против развој на културата со бркањето на џез оркестарот

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Откако со одлука на Министерството за култура и Владата беше формирана национална институција „Оркестар за џез музика“, јавноста стана сведок на тоа како одредени културни институции и работници повеќе се грижат за сопственото его, отколку за развојот и промоција на културата.

Вработените во Филхармонија застанаа против одлуката новоформираната институција да биде сместена во нивните простории, иако ЗЏМ Биг Бендот веќе седум години функционира таму.

Нејасни се противењата на Филхармонија за дозволувањето на нивните колеги да творат и настапуваат во нивниот објект, кога таму и сега се одржуваат комерцијални концерти, па и стенд-ап и театарски претстави, за кои никогаш не се побуниле.

Тоа што е симптоматично во целата ситуација е што и до сега ЗЏМ Биг бендот фуункционираше во просториите на Филхармонија и не ги узурпираше просториите, како што се плашат сега вработените во Филхармонија.

Од ЗЏМ Биг бенд истакнуваат дека нивната индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е долга, а изминтите седум години работат во нивните простории и никогаш немало проблем.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска најави дека ќе се најде трајно решение за обезбедување простор за џез оркестарот, но порача дека нема да дозволи на перфиден и подмолен начин да биде уценувана.

„Како министерка за култура, но пред сè како човек, не можам да дозволам, а уште помалку да го разберам ова ниво на некултура, особено не на дел од уметниците, кои до пред некоја година беа добредојдени во неколку институции од културата додека да го добијат заслужениот дом“ напиша министерката на Фејсбук.

Токму Филхарамонија седум децении беше без сопствен објект и секогаш беа добредојдени во неколку различни културни институции, пред да биде пуштен во употреба објектот во 2017 година.

Очигледно тие сега истото го посакуваат и за нивните колеги од џез оркестарот, но забораваат на солидарниот однос и грижата за културата, што ја покажаа Домот на АРМ и Македонската опера и балет, кон вработените во Филхармонија изминатите години.

Слични содржини