Миликије Халими: Не може да ги тераме граѓаните да плаќат данок кога 90% ги немаат легализирано објектите

од Vladimir Zorba
416 прегледи

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, вината за негтивниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) вчераја префрли на претходното раководство на општината, кога локалната власт била во рацете на Миликије Халими.

Вината за неплаќањето данок на имот, рече дека не треба да се бара во жителите бидејќи имало и такви граѓани кои доброволно се пријавиле да платат данок на имот.

„Петнаесет отсто граѓани доброволно дојдоа и уплатија данок на имот“, рече Ибраими.

Поранешната градоначалничка на скопската општина, Миликије Халими за „Локално“ ги негира овие наводи и вели дека „не е точно дека не се наплаќало даноци“.

Миликије Халими

Миликије Халими

„Даноците од купопродажни договори од куќи или земјиште секогаш беа платени освен данокот на имот, но другите даноци се плаќаа“, вели таа.

Буџетот на општината, според неа, е само од данокот на граѓаните и од ДДВ што беа префлрувани секој месец од финансии, додавајќи дека „тие беа од данок на граѓаните од Арачиново“.

„Не може да ги тераме граѓаните да плаќат данок кога 90% ги немаат легализирано објектите. Како ќе им наплаќаме данок кога немат свој имот со имотен лист? Јас имав консултации со мои советници и работев на тоа ама прво сакав да ги легализираат куќите и после тоа да им пуштиме решенија За данок на имот“, истакнува екс градоначалничката на Арачиново за Локално, дополнително посочувајќи дека Општината ја земала од нула и „стигнавме до големи резултати со многу капитални проекти“.

Претходно, државните ревизори утврдија дека Општина Арачиново не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за данок на имот, нема приходи по основ на комунална такса на фирма, за користење музика во јавните локали, за истакнување реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување градежно земјиште.

Констатирани се и низа слабости во пресметките на платите и надоместоците на советниците и привремено вработените, а не се оправдани ниту расходите за потрошено гориво, сервис на возила и зимско одржување на локалните улици и патишта.

Во 2021 општината потрошила над 10 илјади евра по ресторани.

Н.П.

Слични содржини