Близу Сицилија запленети два тона кокаин вреден 400 милиони евра

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Финансиската полиција на Италија заплени два тони кокаин чија пазарна вредност е проценета над 400 милиони евра.

Кокаинот е пронајден на море, во близина на источниот брег на Сицилија, пренесe Анса.

Дрогата била спакувана во околу 70 пакувања кои пливале поврзани со мрежа, со светлосен сигнален уред.

Агенцијата наведува дека дрогата била оставена таму откако била испорачана со товарни бродови и требало да биде пренесена на копното.

Слични содржини