Две тепачки во Скопје, во едната учествувале две женски лица

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Шест лица учествувале во две тепачки во Скопје. Едната тепачка се случила вчера попладнето и во неа учествувале две женски лица. Другата пак се случила ноќеска на полноќ и во неа учествувале четири лица.

„На 16.04.2023 во 15.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар во Скопје, по претходна меѓусебна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу З.З.(67) и С.Ш.(40), двете од Скопје.

На 17.04.2023 во 00.40 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Т.(26) и Н.Н.(31), од една страна, и Д.Ј.(21) и Н.Т.(22), од друга, сите од Скопје“, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини