Излета „Пежо“ кај Струмица, возачот со тешки повреди пренесен во болница

од Nikola Popovski
104 прегледи

На 18.04.2023 во 19.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, во близина на с.Костурино, патничко моторно возило “пежо 508“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Струмица, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата возачот добил тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Струмица.