85
Соединетите Американски Држави ќе испратат нов, 36-ти пакет воена помош за Украина, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
„Пакетот ќе содржи повеќе муниција за ракетните системи ХИМАРС, како и дополнителни артилериски ракети“, изјави портпаролката на Белата куќа, додавајќи дека тоа е 36-ти пакет помош од почетокот на војната во февруари 2022 година, пренесe Ројтерс.
Жан-Пјер истакна дека новата воена помош е дел од напорите да и се помогне на Украина да се одбрани од „бруталната руска инвазија“.