Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборите во недела во четири општини на северот на Република Косово ќе бидат ужасен ден за демократијата, тежок ден за српскиот народ, но и срам за Европа, светот и земјите на Квинта.
„Тоа ќе биде денот кога официјално ќе се одбележи срамот на Европа и на светот, бидејќи тие ги организираа тие избори и ги исмеваат“, рече Вучиќ во програмата „Прва тема“ на ТВ Прва.
Вучиќ рече дека Србија не учествува на тие избори затоа што Заедницата на српските општини не е формирана 10 години, согласно Бриселскиот договор.