108
Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.
„Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.
Нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом, во вашите срца.
Добрината, човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла, ја упатуваат пораката на милост и прошка што треба да ја имаме во себе.
И тоа се вредностите на заедништвото и меѓусебната почит кои обединуваат и за кои треба сите да се залагаме.
Да го продолжиме заедничкиот пат, и преку негување на врвните човечки вредности заедно да градиме подобра иднина за сите“, стои во честитката на генералниот секретар Зечевиќ.