Брнабиќ: Изборите во Косово во недела го претставуваат самракот на демократијата

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска оцени дека локалните избори што ќе се одржат во недела во четири општини на северот на Косово се „последниот самрак на демократијата“.

„Изборите се последниот самрак на демократијата и секој привид на владеење на правото на територијата на Косово и Метохија, бидејќи се водат од привремени институции во Приштина, со сесрдна помош на меѓународната заедница. Дури сум и малку среќна, затоа што конечно е крај на шарадата што ја гледаме претходниве години“, изјави Брнабиќ за новинарите во Даблин, на прашањето како ќе ги коментира изборите кои ќе се одржат во недела.

Слични содржини