133
Бројот на луѓе за кои е потврдено дека ги загубиле животите во неколкуте разорни земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија во февруари се искачи на 50.782 само во Турција, според владините податоци.
„Меѓу нив има околу 7.300 странци“, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу за турската Си-Ен-Ен.
Два силни земјотреса со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги потресоа на 6 февруари југоисточна Турција и северна Сирија.