Талевски: Мицкоски води хајка против Коридорите, тој е последниот претставник на Црвената буржоазија

од Nikola Popovski
154 прегледи

Изградбата на коридорите 8 и 10Д е најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, вреден 1,3 милијарди евра. Гледаме дека со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талевски на прес-конференција.

Талевски истакнува дека „Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија“.

-Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен. Ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година кога и ги загуби изборите.

Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво, рече Талевски и додава:

-Се што ќе фатат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е погрешно и осудено на неуспех.

Тоа најдобро се гледа со автопатот Кичево – Охрид, синоним за криминал и корупција, за провизии од тендери на штета на државата и граѓаните.

Зарем треба да дозволиме нови паушални, скандалозни постапки и процеси на градби кои траат 10 години, порачува пратеникот.

Слични содржини