Ковачевски до ВМРО-ДПМНЕ: Предете како мачиња во Американската амбасада, Апасиев ви е шеф

од Nikola Popovski
167 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Собранието, одговарајќи на пратенички прашања, повторно зборуваше за Договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

-Предете како мачиња во американска амбасада. Апасиев ја води дебатата и постапките на вкупната опозиција. Дали проектот ќе биде во побрзно или споро, зависи од блокадата на вашиот шеф Аапасиев, а вие ја поддржувате. Во Американска амбасада викате се поддржуваме, а овде викате Левица ги поднесе амандманите…Затоа еднаш ќе си застанете цврсто. Како што требаше да го поддржите Договорот за ФРОНТЕКС и да го поддржите патот на земјата кон ЕУ, така треба и за ова. Не заслужуваат граѓаните на североисточниот регион, на Струга, Кичево… Слушам таму некој вика Коридорот ќе бил граница. Кај се видело Коридор да биде граница? 30 години немаме Коридор 8. Чиј монопол штитите со ова? Зошто да немаме инвестиции во градовите кои немаат автопатишта?, рече Ковачевски од собраниската говорница, како одговор на прашањето на пратеничката Ели Панова.

Слични содржини