Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска во периодот од 18.00 до 19.15 часот на ул. „11-ти Октомври“, пред Собрание на Република Северна Македонија, поради најавен собир на група граѓани, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведената сообраќајница.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Денешниот собир на граѓани се организира по повод поддршка за осудените за настаните од 27 април 2017 година, кога голема група на граѓани влезе во Собранието и нападна пратеници, новинари и тогашни партиски членови на СДСМ.