Силен земјотрес ја погоди Турција: Луѓето преплашени, се почувствува во повеќе градови

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Кахраманмарас рано утринава, околу пет часот по локално време.

Според турските медиуми, истото се почувствувало и во Адана, но и во неколку други градови, каде луѓето исплашени излегувале на улиците.

Ударот е забележан на длабочина од 6,89 километри.