Зечевиќ: Европскиот пат е најдобар за опстанок и напредок на нашата земја

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Мора да опстоиме на европскиот пат како народ и како држава, затоа што европскиот пат е најдобар за опстанок и напредок на нашата земја, порача денеска од Штип генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, на маалска средба, во рамки на теренските активности на СДСМ, „Рамо до рамо, до победа“.

-Не е тоа само гола вистина. Не е само да дојдеме до Европа. Ние сме живееле и во други услови, знаеме и за братство и единство и за почитување меѓу себе и меѓу конфенсионално, знаеме и за стандарди. Многу е важно да успееме да ги отвориме европските фондови, да ги задржиме младите луѓе овде, да имаме за кого да работиме. А она што е многу важно, да ги донесеме европските стандарди на живеење тука во европска Македонија. Мора да останеме на стартешкиот пат за опстанок на македонскиот народ. Затоа сме рамо до рамо со народот до победа, европската иднина е новата државна и национална победа. Рамо до рамо e европска приказна за сите нас, додаде Зечевиќ.

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ го копира и го следи СДСМ и тргна на терен, се надевам ќе научат и ќе разберат дека и тие ја имаат одговорноста за иднината на земјата, додаде Зечевиќ.

-Ме радува што ВМРО-ДПМНЕ не копира, не следи. Ако се сеќавате на почетокот, ние го најавивме ова уште во декември лани. Сега гледам сега Мицкоски ги собра неговите другарчиња, се сликаа и најавија дека ќе одат на терен. Го поздравувам тоа и добро е да имаат од кого да учат. Се надевам дека тоа ќе им помогне и во нивниот напредок. Одредни работи малку да им дојдат во главата. Колку ние ја носиме одговорноста толку ја носат и тие и мора да застанат на вистинската страна еднаш. Да оставиме простор за иднинте генерации да уживаат во оваа прекрасна убавина којашто ја имаме, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Како држава и како народ, мора да бидеме на мапата рамноправни европски држави, рамо до рамо со европските државотворни народи, додаде Зечевиќ.

Слични содржини