Украинско обвинителство: Најмалку 477 деца загинаа во руски напади

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Канцеларијата на државниот обвинител на Украина денеска соопшти дека најмалку 477 деца се убиени, а 955 се ранети во руските напади од почетокот на војната на 24 февруари минатата година.

Бројот на жртвите кај децата е веројатно поголем, бидејќи оваа бројка не вклучува податоци од териториите што ги држи руската армија, објави „Киев Индипендент“.

Обвинителството додава дека повеќето деца се убиени во областите Доњецк и Харков, додека околу 400 деца се сметаат за исчезнати.