Американската министерка за финансии Џенет Јелен предупреди дека американската влада би можела да остане без пари до први јуни доколку Конгресот не ја подигне или суспендира горната граница на долгот.
Постигнувањето на границата на долгот би значело дека владата повеќе не е во можност да позајмува пари, пренесува Би-Би-Си.
Во понеделникот, Јелен го повика Конгресот да дејствува „што е можно поскоро“ за да го реши ограничувањето од 31,4 трилиони долари.