272
Фанг Бин, кој известуваше за почетокот на корона епидемијата во кинескиот град Вухан, е ослободен од затвор по три години, изјавија денеска неименувани извори за Би-Би-Си.
Фанг е еден од неколкуте таканаречени граѓански новинари кои исчезнаа откако споделија видеа од сцени во Вухан, епицентарот на пандемијата.
Фанг беше осуден на три години затвор на тајно судење во Вухан и беше ослободен во неделата во добра здравствена состојба.