Пендаровски ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс Трети

од Nikola Popovski
219 прегледи

Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети во сабота на 6-ти мај.

Од кабинетот на Пендаровски потврдија дека добиле покана од Бакнгемската палата и дека претседателот ја прифатил поканата.

На крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, јави вчера Ројтерс.

Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.