Пендаровски не го видел во изворна форма Договорот со „Бехтел и Енка“

од Nikola Popovski
164 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не го видел Договорот со конзорициумот „Бехтел и Енка“ за изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

-Направена е само делумна декласификација за пратениците кои имаат безбедносен сертификат. Јас го немам видено во изворна форма. Прво сакам да ја видам парламентарната расправа и да видиме кои прашања ќе произлезат од таа дебата, рече Пендаровски, по што нагласи дека ќе се произнесе за секој закон што евентуално би се донел.

Претседателот нагласи дека сака да ги види дефинитивните верзии на сите закони поврзани со изградбата на Коридорите кои се парламентарна процедура.