218
Руските власти денеска ги обвинија Соединетите Американски Држави дека стојат зад нападот врз Кремљ, кој, како што велат, имал за цел да го убие рускиот претседател Владимир Путин.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека Вашингтон треба да биде свесен дека Русија знае да избира цели, а дека Украина само ги спроведува американските планови, пренесува „Ројтерс“.
„Многу е важно Вашингтон да разбере дека тоа го знаеме и да биде свесен колку е опасно таквото директно вклучување во конфликтот“, предупреди Песков.