Топалов: С. Македонија премина кон пристапот заедничката историја да биде мултиперспективна

од Nikola Popovski
333 прегледи

Северна Македонија продолжува да живее во тоталитарен комунизам, изјави бугарскиот историчар и професор, Кирил Топалов откако бил запрашан да го коментира случајот со забраната за влез во Македонија на неколку бугарски државјани.

Тој во изјава за „БТВ“ посочил дека „Бугарија си има работа со земја која решила да се развива самостојно“.

-Бугарија отсекогаш демонстрирала братски, пријателски и меѓудржавни односи кон Република Северна Македонија, смета Топалов.

Тој порачал дека е „тешко да се разбереш со личност која ти застанала пред куќата, ти ги скршила прозорците и те нарекува фашист, окупатор и варварин“.

-Северна Македонија премина на опцијата – пристапот кон заедничката историја да биде мултиперспективна. Бугарско-македонските односи се тешки, коментира Топалов.

Историчарот додал дека „кој и да се бори за претседателската функција во Северна Македонија, главниот аргумент е антибугаризмот“.

-Нивното општество е масовно труено, нема надеж за нормален однос, обвинува Топалов.

Слични содржини