Кличко: Синоќешниот напад со дронови врз Киев е најмасовниот од почетокот на војната

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека синоќешниот напад со руски беспилотни летала врз Киев бил најмасовниот од почетокот на војната.

„Благодарение на нашите сили за противвоздушна одбрана беа соборени сите 36 беспилотни летала. Ова е најмасовниот напад врз нашиот град од почетокот на војната“, нагласи Кличко, пренесува „Униан“.

Тој изјави дека остатоците од урнати дронови оштетиле станбени згради, градинка и училиште.

Слични содржини