Проекциите за капитални расходи на ММФ за 2023-2027 за Македонија се пониски за 390 милиони од владините, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Како што велат, според проекциите на ММФ, Македонија ќе има капитални инвестиции за 390 милиони евра помалку од владината проекција која се однесува за истиот период, но е направена неколку месеци подоцна.
-Постои сомнение дека тие 390 милиони евра кои се јавуваат во владините проценки се парите кои власта утврдила дека ќе бидат потребни како дополнување на 1.3 милијарди евра за изградба на коридорите.
Имено во извештајот на тимот на ММФ стои „Коридорот 8/10д се очекува да чини 1,3 милијарди евра (10 проценти од БДП во 2022 година) и да биде завршен во период од 6 години, што е вградено во основната макроекономска рамка. Наспроти остриот пораст на трошоците за изградба и неизвесноста поврзана со трошоците за големите инфраструктурни инвестициски проекти, властите побараа сеопфатна и независна физибилити студија од меѓународна реномирана компанија, вклучително и проценета документација, за да се зацврсти проценката на трошоците. Откако ќе се заврши физибилити студијата, таа ќе се користи за информирање на договорот, порачуваат од најголемата опозициска партија.
Потенцираат дека властите во моментов избираат независен советник за финансиски трансакции, врз основа на меѓународен тендер, кој ќе го преговара договорот за проектот и ќе го надгледува неговото спроведување.
-Врз основа на резултатите од физибилити студијата, тие (се мисли на властите) се посветени на преземање мерки за соодветно управување со фискалните ризици, како и трошоците, за да се осигури дека тие се конзистентни со програмските цели и среднорочната фискална рамка. Владата мора да одговори дали се изработи физибилити студијата и која сума ја покажаа таа, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.