Министерот за образование и наука Јетон Шаќири соопшти дека на 27 мај ќе има државна матура и дека доколку е потребно успешно да се реализира процесот, ќе се вклучат и вработените од МОН.
-Да се реализира државната матура и да се причека општиот колективен договор, а потоа и другите синдикати ќе комуницираат со институциите за потпишување на гранските колективни договори. Мора да има полагање државна матура на 27 мај. МОН се вклучи во процесот на решавање на проблемот. За утре е најавен нов состанок на синдикатот. Ако утре најдат решение, ќе очекувам од директорката на Државниот испитен центар да достави барање да дадеме вработени од МОН само државната матура да се реализира во рокот, на 27 мај – нагласи министерот во вечерашното гостување на ТВ Сител.