Стоматолог укажа на можните симптоми на дијабетес кои се јавуваат во устата

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Дијабетесот или шеќерната болест се нарекува глобална епидемија затоа што бројот на заболени луѓе во светот расте до нивоа кои беа незамисливи пред само неколку децении.

Постојат неколку причини за оваа појава, од кои најзначајна е промената во животниот стил, означена со поголем внес на висококалорична храна и намалена физичка активност.

Стоматологот Аманда Шин забележува дека одредени знаци на дијабетес може да се појават и во нашата уста.

„Дијабетесот е состојба во која телото не може самостојно да го контролира нивото на шеќер во крвта. Високото ниво на шеќер во крвта во повеќето случаи резултира со зголемување на шеќерот во плунката, што може да ги оштети забите, но и непцата“, објаснува Шин за порталот „Експрес“.

Како што додава, намаленото производство на плунка може да има штетно влијание врз нашето орално здравје поради способноста на плунката да ја заштити и исчисти усната шуплина, зголемувајќи ја притоа шансата за разни болести на непцата и кариес.

Иако не е секогаш лесно да се видат, симптомите на дијабетес кои се јавуваат во устата подразбираат:

– црвени или отечени непца кои крварат

– повлекување на непцата

– поместување на забите

– зголемување на просторот помеѓу забите

– сува уста

– непријатен здив кој не исчезнува дури и по миењето на забите.

Слични содржини