313
Изгласан Законот за задругите на денешната 115. седница. Собранието ги насочи Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска како нови членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво.
Претходно, по целодневна расправа, беше изгласан дневниот ред на 115. седница на која беше утврдена потребата за носење на предлог-измени на пет закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10д по скратена постапка, со европско знаменце.
Означувањето на законите со европско знаменце беше причина за целодневната расправа во тек на која пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица побараа од предложениот дневен ред да се тргнат овие точки, меѓутоа, нивните предлози не беа изгласани.
Стои и петнаесетта седница ќе продолжи утре.