Жители на Дубона за Урош Б.: „Требаше уште порано да го затворат, знаете кој му среди да не оди во затвор? ТАТКО МУ“

од Stefanija Kuzmanovska
478 прегледи

Жители на Дубона, од каде што потекнува Урош Б.(20), кој минатата недела уби осум лица, а рани 13, по апсењето на неговиот татко Радиша Б.(55), истакнуваат дека сметаат дека треба да биде уапсена и мајката на убиецот, ако ништо друго – тогаш поради воспитувањето на синот, но и дека сите ќе се потпишат на петицијата семејството да се исели од селото.

Гневните, огорчени и ожалостени селани, ден по апсењето на таткото на убиецот, кај кого е пронајден цел арсенал оружје, наведуваат дека тоа требало да се случи порано, пренесе „Нова.рс“.

„Штом се дозна дека нивниот син убил невини деца, требаше да бидат уапсени и таткото и мајката. Кога нивниот син ги убил децата на почетокот на нивниот живот, и тие биле виновни. Да не зборуваме за тоа што нивниот син уште од мали нозе беше познат како проблематичен млад човек, кој убивал животни, како дете возел трактор со ненормална брзина, а подоцна и мотор во центарот на селото, а секогаш имале изговори за се“, велат шокираните луѓе.

Еден од познајниците на семејството вели дека своевремено, кога бил малолетник, Урош Б. бил крајно арогантен, па пред две години намерно со мотор удрил полицаец кој се обидел да го запре во Младеновац.

„Знаете кој му средил да не оди во затвор? Татко му. Правеше што сакаше, а татко му му ги решаваше проблемите. И на училиште правел проблеми, па кога му се заканувале дека ќе ѝ се јават на мајка му, тој им се потсмевал и им велел: Не мора мајка ми, татко ми ќе дојде да ви објасни се“, вели соговорничката на „Нова.рс“.

Осомничениот Урош Б, според жителите на Дубона, често правел проблеми, а го познаваат и по тепачки.

„Тој претепа и постар жител од 70 години бидејќи нема контрола, мисли дека е непобедлив, незапирлив. Така е воспитан. Истиот став го имаат и неговите родители. Па, на 10 години врзуваше кучиња и ги убиваше со пиштол. Тогаш сите го знаеја тоа, а никој не реагираше, тоа не беше детска игра, се гледаше дека не е нормален. Татко му зборуваше за тоа со насмевка, раскажуваше и се гордееше со глупоста на неговиот син“, вели жител на Дубона.

Слични содржини