211
Во првите три дена од важноста на мерката за предавање на нерегистрирано оружје кое го поседуваат граѓани, од 8 до 10 мај, предадени се 5.973 парчиња оружје, 290.572 парчиња муниција и 468 парчиња мини експлозивни направи, соопшти српското МВР на својот Инстаграм профил.
МВР на Србија ги повикува сите граѓани кои поседуваат нерегистрирано оружје, муниција и експлозивни направи да ги предадат во најблиската полициска станица до 8 јуни.
Граѓаните имаат можност да повикаат и полициски службеници да дојдат на наведената адреса и да го подигнат оружјето.