Нови детали за грозоморното убиство во Белград: Жртвата лежела на кревет, во ноќница

од Stefanija Kuzmanovska
544 прегледи

Во белградската населба Звездара, во стан на улица Мадридска, пронајдено е телото на девојката А.С. (22), за која се сомнева дека била силувана и убиена. Полицијата е на терен и ја обезбедува зградата во која се случило вознемирувачкото злосторство, пренесе „Блиц.рс“.

Телото во станот го пронашла сестрата на жртвата. Ја видела како лежи на креветот, во ноќница, а сцената била морничава.

Откако била алармирана полицијата и итната помош, се појавил сомнеж дека жртвата била силувана, а потоа убиена.

Сестрата на жртвата ја напуштила зградата во придружба на инспектор.

Слични содржини