Зеленски денеска оди во Лондон: „Ќе водиме важни преговори“

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска ќе отпатува за Велика Британија за да се сретне со премиерот Риши Сунак како дел од турнејата на неколку клучни европски сојузници пред очекуваната голема украинска контраофанзива против руските сили.

Во текот на викендот, Зеленски се состана со германските и француските лидери, како и со италијанските официјални претставници на турнејата чија цел беше да се добие воена и финансиска поддршка за Украина.

„Денес – Лондон. Велика Британија е лидер кога станува збор за проширување на нашите можности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денес“, напиша Зеленски на Твитер.

„Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме важни преговори лице в лице и со делегациите“, додаде тој.

Се очекува Зеленски да побара од Сунак повеќе оружје кое ѝ е потребно на Украина за да се одбрани од руската инвазија и да ја ослободи окупираната територија.

Минатата недела Велика Британија стана првата земја која почна да ја снабдува Украина со крстаречки ракети со долг дострел.

Слични содржини