Детали од нападот во основното училиште во Зрењанин: Приведено 14-годишно девојче

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Нов инцидент во српските основни училишта се случи денеска во основното училиште „Втори октомври“ во Зрењанин. Четиринаесетгодишна ученичка со нож нападнала една година помлада ученичка во училишниот тоалет.

Повреденото девојче било префрлено во Ургентниот центар на болницата Зрењанин, каде што била прегледана и згрижена.

Во нападот се здобила со полесни повреди.

Интервенирала и полицијата, а девојчето осомничено за нападот е приведено и случајот се истражува.

Слични содржини