178
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е уверен во неговата победа во вториот круг од претседателските избори.
„Ќе победиме на изборите на 28 мај, зголемувајќи го процентот на гласови добиени на изборите на 14 мај. Ако даде Господ, ќе извојуваме историска победа“, напиша Ердоган на Твитер.
Изборната комисија на Турција во понеделник официјално соопшти дека вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 28 мај.