Го истетовирала целото лице и сега тврди дека TikTok и го избришал профилот поради нејзиниот изглед

од desk4
244 прегледи

Мелиса Слоун тврди дека три пати и бил избришан профилот на платформата за споделување видеа TikTok бидејќи луѓето цело време ја пријавуваат нејзината содржина поради нејзините екстремни тетоважи на лицето.

 

Мелиса Слоун, мајка и љубител на тетоважи, тврди дека веќе ѝ бил избришан профилот на TikTok три пати бидејќи луѓето постојано ја пријавуваат за нејзините екстремни тетоважи на лицето. Таа додава дека само сака да си ја врши работата онлајн без да се справува со сурови коментари за нејзиниот изглед.

 

Мелиса објаснува: „Постојано ме напаѓаат хејтери. Тие знаат која сум и велат дека не можам да се вработам и сето тоа, но јас не им одговарам, само си ја работам работата како и сите други. Луѓето велат, поради моите тетоважи, дека сум луда и само продолжуваат да ме напаѓаат“. Таа исто така додава дека проблемите со бришењето на нејзините профили на TikTok најпрво започнале кога се обидела да добие помош поради големиот број негативни коментари на нејзините видеа.

 

Откако се обиде да ги отстрани коментарите, Мелиса откри дека нејзиниот профил е забранет, а истото важи и за нејзиниот резервен профил: „Имав резервен профил, кој исто така беше избришан, а третиор профил ми го избришаа за помалку од 24 часа. Се обидов да поднесам жалба, но тие рекоа дека не може да се врати“. Но, 46-годишната мајка на седум деца инсистира дека нејзините критичари нема да ја спречат и вети дека ќе се обиде повторно со четврт профил. И, иако таа тврди дека нејзиниот профил е избришан без причина, TikTok рече дека тие забрануваат одредени типови на содржина на нивната мрежа и дека сигурно не е избришан профилот без причина.

 

Мелиса ја направи својата прва тетоважа пред повеќе од 20 години, а иако обожава да се тетовира, таа призна дека нејзината опсесија со тетовирањето малку се смирила бидејќи има голем број здравствени проблеми. Таа додава дека не знае дали количината на мастило во нејзината кожа е поврзана со нејзиното здравје. Таа рече: „Сакам тетоважи. Сакам болка. Имам најмалку три слоја тетоважи на моето лице, а не на телото, се обидувам да направам три нови секоја недела. Имам своја соба за тетовирање, па кога ќе се почувствувам дека ми треба тетоважа, само го вадам комплетот и се тетовирам.“

 

 

Слични содржини