По масакрите во Србија експертите велат „Системот мора да се смени“

од desk4
245 прегледи

Фемицидот што се случи во последниот период во соседна Србија  е аларм дека семејното насилство, насилството на училиште, како и сајбер насилството е секојдневна нашата реалност. Затоа психолозите велат дека е неопходно сите да се вклучат во надминување на проблемот и дека за тоа е потребна тимска работа и флексибилност, едукација, вклученост на психијатриската струка и полицијата. Но и дека пред  образованието на оваа тема треба да започне улште во градинка, за еден млад човек да не порасне во деликвент.

Невропсихијатарката во Република Србија, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, вели дека го запоставивме психолошкото функционирање како важен сегмент од животот. Според неа  мора да се посвети поголемо значење на превенцијата и рано дијагностицирање на специфичностите во однесувањето на младите.

Коментирајќи ги државните мерки како одговор на неодамнешните масовни убиства во Белград и во селата кај Младеновац и Смедерево, таа вели дека се направени првите вонредни чекори кои треба да се продлабочат, а кои сепак не се решение, туку почеток на решение.

Таа оцени дека овие две трагедии се трајна траума за оние кои ги загубија своите најблиски и огромна траума за сите. Ѓукиќ Дејановиќ вели дека системот ќе мора да се промени.

– Во ова мора сите заедно да учествуваме. Системот ќе мора да се промени, а покрај дијалогот, многу е важно и образованието – рече Ѓукиќ Дејановиќ.

Како што објасни таа, полицајците (1.200), кои ќе бидат присутни во училиштата, мора да се едуцираат на вистински начин, со искуство на стручни лица. Мора да работат тимски, а доколку тоа не се исполни, може да се случи најдобрата намера на државата, да ја зголеми безбедноста на децата и родителите, но сепак да не доведе до вистинската цел.

 – Нам во системот ни треба образование за да ги спречиме најдрастичните ситуации кои можат да однесат животи.Мислам дека системот мора да даде приоритет на тимската вклученост во решавањето на проблемите, а експертите од различни професии мора да најдат консензус – смета Ѓукиќ Дејановиќ.

Таа смета дека е потребно образование уште во градинките, бидејќи ќе има деца, од кои некои ќе бидат специфични во однесувањето, ќе бидат агресивни и ќе се лутат во одредени прилики. Овие деца, не смеат да бидат жигосание, туку треба сите компетентни професии да се вклучат да контактираат со детето за да дадат квалитетен придонес за да порасне во општествено прифатлива личност, а не во деликвент.

Слични содржини