Грешки кои предизвикуваат брзо мрсење на косата

од desk4
272 прегледи

Ако вашата коса брзо се масни, ова е сигурно една од грешките што ги правите без воопшто да знаете.

Ако вашата коса брзо се масни, ова е сигурно една од грешките што ги правите без воопшто да знаете.

Ако вашата коса брзо се масни, ова е сигурно една од грешките што ги правите без воопшто да знаете.

 

На многу жени им е познато тоа чувство кога само еден ден ќе помине по миењето на косата, а таа веќе е мрсна. Тогаш не гледаат друго решение освен повторно да ја измијат. Токму ова миење на косата може да биде една од главните причини за проблемот со брзото опаѓање и мрсење на косата.

Мрсната коса е резултат на лојните жлезди на скалпот кои всушност произведуваат масло. Ова масло е неопходно за да го одржи скалпот хидриран и здрав, а косата мека и сјајна. Но, се разбира, кај некои луѓе, овие жлезди произведуваат повеќе масло отколку што е потребно, поради што косата брзо станува мрсна.

1. Не ја мијте косата секој ден

Кога нашата коса со секој изминат ден станува се помрсна ние посегнуваме по почесто миење, а токму тоа е најголемата грешка.При секојдневно миење на косата, ние ги уништуваме нејзините корени , а со тоа го отстрануваме природно масло од скалпот. Со оваа постапка доаѓа до сушење на кожата, пукање на косата и појава на првут.

Знаеме, не е пријатно да се шетаме со мрсна коса во јавност, но барем денес има толку многу алтернативи кои можат да го продолжат миењето на косата барем уште еден ден.

2. Не допирајте ја косата

Постојаното допирање на косата во никој случај не е добра идеја доколку сакате вашата коса да биде помалку мрсна. Во контакт со прстите, можете само да нанесете дополнително масло и жлездите ќе произведуваат повеќе масло како одговор на тој сигнал.

 

3. Измијте ја косата во обратен редослед

Тоа значи дека прво нанесете регенератор и сите производи за регенерација што ги користите, потоа исплакнете и измијте ја косата со шампон. На овој начин вашата коса ќе се нахрани, но на крајот нема да биде мрсна.

 

4. Не мијте ја косата со топла вода

Миењето на косата со претерано топла вода ги трга природните заштитни масла од кожата и косата и ја остава сува. Ова е сигнал за жлездите да произведуваат повеќе масло, па вашата коса ќе биде доста мрсна неколку часа по миењето.

 

5. Внимавајте со топлите апарати

Ограничете ја употребата на пегла и други уреди за коса кои произведуваат топлина, а кога ги користите, редовно чистете ги со алкохол. Дури и фен за коса го стимулира производството на масло со топлината што ја испушта. Ако треба да ја исушите косата со фен, обидете се тоа да го направите на малку пониска температура, иако ќе потрае малку подолго.

Слични содржини