Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна синоќа за 14 осомничени ги прифатија предлозите на обвинителството и со Решение им определија мерка притвор во траење од 30 дена, додека на едно лице поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор.
Денеска ќе биде определен притвор за трите лица што се недостапни на органите на прогонот и кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање.
Петнаесет лица се приведени, а тројца се недостапни во акција на обвинителството за организиран криминал и МВР за разбивање на три организирани криминални групи поврзани со недозволена трговија со дрога и оружје. Претреси биле извршени на 27 локации во Арачиново, Сингелиќ, Кисела Вода, Карпош и Шуто Оризари, а приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а обвинителот предлага да бидат притворени.