Комисијата за европски прашања ја заврши расправата за предложените измени на Законот за градење

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја заокружи расправата по поднесените амандмани за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, дел од пакетот измени на пет закони поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, означени со европско знаменце.

Седницата на Комисијата треба да продолжи утре со расправа по предложените измени и дополнувања на Законот за експропријација, а дел од дневниот ред се и предложените измени и дополнувања на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола).

Како дел од пакетот измени за доизградбата на коридорите претходно Комисијата за европски прашања ги разгледа измените на законите за работни односи, за градење и за урбанистичко планирање, сите по скратена постапка, и за нив се расправаше и на пленарна седница.

Слични содржини