Амандманите во Законот за ЈО се за членот 110, Комисијата продолжува утре

од Aleksandar Todeski

Пратеникот од Алијансата за Албанците Сурија Рушиди и независниот пратеник Панчо Минов се пратениците кои ги поднеле двата амандмана за Законот за Јавно обвинителство. Законот за Совет на јавни обвинители пак, не доби ниту еден амандман.

Пратениците сакаат да се интервенира во членот 110 од Закнот. Пратеникот Панчо Минов сака да се направат измени во делот кој предвидува „бомбите“ да не бидат докази, додека пак пратеникот Рушиди бара Ставот 3 од Член 110, односно незаконски снимените разговори да продолжат да бидат докази во постапките.

Во меѓувреме, Комисијата за европски прашања прекина со работа, а Законот за Јавно обвинителство оди на Законодавно-правната комисија, каде треба да се разгледаат амандманите.

Комисијата за европски прашања ќе продолжи утре, кога би можело да се одржи и пленарна седница за законите за ЈО и за Совет на јавни обвинители. Законот за Совет на јавни обвинители се гласа со просто мнозинство, додека пак Законот за Јавно обвинителство се гласа со минимум 80 пратеници.

А.Т.

Слични содржини