Планови за обука на украински пилоти на борбени авиони Ф-16 од американско производство беа одобрени од страна на Џо Бајден. Американскиот претседател одлучи откако разговараше со сојузниците на самитот Г7, кој се одржува во Јапонија. Оваа одлука беше донесена за да се зајакне поддршката за Киев во војната против Русија.
Според анонимни извори, Бајден ја одобрил обуката за време на состанокот на лидерите на самитот Г7 во Хирошима. На самитот се најавија и нови санкции против Русија. Се очекува Зеленски да се придружи на самитот оваа недела. Бајден додаде и дека за бројот на авиони кои ќе бидат искористени ќе се разговара во следниот период.
Зеленски постојано повикуваше на испорака на западни борбени авиони за да ја зајакне одбраната на неговата земја во руската сега 15-месечна војна против Украина, но досега се соочуваше со скептицизам на САД.