Двајца повредени во масакрите во Србија се уште се во тешка состојба

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Повеќето од повредените кои се уште се на болничко лекување по двата масакри во Србија значително закрепнуваат, а двајца пациенти – момчето повредено во пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“ и младиот човек ранет кај Младеновац, се уште се во тешка состојба, изјави утрово министерот.за здравство Даница Грујичиќ.

Момчето покажува знаци на закрепнување, изјави министерот во гостувањето на РТС.

Грујичиќ истакна дека никој од нив повеќе не сака медиумско внимание, поради што побара од медиумите да им дадат време да се опорават.

Грујичиќ рече дека психијатри и психолози ги посетувале и разговарале со повредените за да им дадат поддршка во нивното закрепнување, бидејќи по ваквите настани е важно и „оздравувањето на душата“.