Силно политички поделената Грција денеска гласа на парламентарните избори.
На првото место се борат централно-десничарската Нова демократија и левичарската Сириза. Според анкетите, сепак, маратонот за формирање коалициска влада ќе започне во понеделник, бидејќи ниту една партија нема да може да освои мнозинство.
Изборот на 300-члениот парламент се одвива според новите изборни правила. За прв пат гласаат и 17-годишници, може да се гласа и надвор од државата, а на победникот на гласaњето му станува потешко да обезбеди мнозинство без претходниот „бонус“ од 20 пратенички мандати, што до сега автоматски ги добиваше.
Кампањата беше целосно засенета од железничката несреќа во која загинаа 57 луѓе. Опозицијата, сепак, не успеа да ги искористи негативностите против владејачката партија.
Доколку политичките партии не успеат да формираат влада, во јули во Грција ќе се одржат нови парламентарни избори.